Утрински Весник
Спорт

„Армејците“ се вратија на победите против Жалгирис

„Армејците“ се вратија на победите против Жалгирис

ЦСКА Москва водеше од почетокот до крајот и имаше 18 поени предност, пред со 83:73 да ги совлада Жалгирис за враќање на победите во Евролигата, и во исто време да им го нанесат на Жалгирис првиот пораз по пет победи.

Мајк Џејмс заврши со 21 поен и 5 асистенции, додека Никола Милутинов имаше 10 поени и 14 скока за ЦСКА, додека Токо Шенгелија додаде 18 поени. За Жалгирис, Мариус Григонис беше најдобар со 16 поени. ЦСКА сега има 15-4 скор, а литванскиот гигант 11-8 по 19 кола.

Во Атина, Немања Недовиќ имаше неверојатни 33 поени за Панатинаикос да стигнат до 88:71 победа над францускиот Асвел. Недовиќ имаше 18 поени во првото полувреме, а заврши и со 6 асистенции и 5 скока под водство на преодниот тренер Костас Харалампидис. По три порази во Евролигата, ПАО сега има 6-12 скор.

ЕВРОЛИГА, 19.КОЛО

ЦСКА Москва – Жалгирис Каунас 83:73 (18:11, 27:21, 15:20, 23:21)

Баерн Минхен – Зенит Санкт Петерсбург 82:80 (13:19, 19:21, 24:16, 26:24)

Панатинаикос – Асвел Лион 88:71 (25:21, 20:21, 25:18, 18:11)

Реал Мадрид – Црвена звезда, одложено

> „Армејците“ се вратија на победите против Жалгирис <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец