Утрински Весник
Македонија

Се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош

Се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош

Деновиве се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, наспроти паркот во Чаир. Овие семафори се поставуваат на барање на граѓаните, бидејќи на оваа локација во минатото се случија поголем број сообраќајни незгоди, соопшти Град Скопје.

„ Тука за првпат се поставуваат пешачки семафори и со нив ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.

Поставувањето на семафорите, доколку дозволат временските услови, треба целосно да заврши во текот на наредната недела, а нивното пуштање ќе се реализира по целосното завршување на административните постапки со ЕВН и поставувањето на сите потребни електрични инсталации и броила“ соопшти Град Скопје.

Изминатиов период, на барање на граѓаните, семафори беа поставени на крстосницата кај „Реплек“ во населбата Козле, на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, на булевар Србија (кај полициската станица), а посебни тастери со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин се поставени на семафори на повеќе локации во градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец