Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Османи заминува во Грција на средби со државниот врв

Османи заминува во Грција на средби со државниот врв
Img 7972

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, грчкиот министер за надворешни работи Николаос Дендиас.

На средбата меѓу двајцата министри ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).

Од Министерството за надворешни работи информираат дека предвидено е и потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.

На агендата на Министерот во рамките на посетата на Грција е предвидена и средба и со претседателката Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања, Милтијадис Варвициотис.

Во рамките на средбите ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји, стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Република Северна Македонија во гасниот терминал „Александрополис“ во Грција.

Предвидено е да се разговараи за политичките актуелности во Регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, и поддршката што Грција ѝ ја дава на Северна Македонија во тој контекст.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?