Утрински Весник
Македонија

Облачно и дождливо, на планините снег

Променливо облачно време со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. По должината на Повардарието и на истокот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север, в среда попладне и в четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ