Специјални тимови за спасување евакуираа 34 лица од поплавени згради најдодената вода во Лесковац, Бојник и во Бујановац. Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа предизвикана од синоќешното невреме, објавено е на официјалната веб-страница на градот.
Откако во последните 24 часа наврнаа 55 литри дожд на метар квадратен, Јужна Морава се излеа во Врање.Во Пирот, поради обилните врнежи од дожд, поплавени се приградски и рурални населби, а најкритично е во Рогож, Кавка, селата Темска, Рудињ. На предлог на Штабот за вонредни состојби, претседателот на општината, Братислав Петровиќ, воведе вонредна состојба во Власотинце, поради штетата предизвикана од обилните дождови во претходните два дена.
#vlasotince #poplava https://t.co/LWQLWmjAw9
— VR46?βουζκο Valentino Rossi (@vanjavucko) January 11, 2021
Петровиќ рече дека нивото на водата сега е во стагнација на сите реки во сливот на Власина, но дека последиците се евидентни и дека е потребно да се применат мерки за итна заштита и спасување на населението и материјалните добра.
Тој изјави дека ќе се ангажира дополнителна механизација, ќе бидат евакуирани и згрижени загрозени жители, како и ќе се формира комисија за проценка на штетата на инфраструктурата, домувањето и помошните објекти и земјоделското земјиште.
Водоснабдувањето се уште е во прекин, а снабдувањето со електрична енергија е поповолно, се наведува во соопштението. Поради обилните врнежи од дожд и излевањето на реката Власина, од утрово општина Власотинце нема вода, а планинските села останаа без електрична енергија.Во пониските делови на таа општина беа поплавени куќи и дворови, а граѓаните и членовите на штабот за вонредни состојби синоќа дежураа со полициските и противпожарните екипи на многу локации во Власотинце.
Korona, zima, poplave, beznađe, jad i beda ?
Može li gore?
* fotografija preuzeta sa fb pic.twitter.com/kLNCuvPaKW
— Ferida Čustović (@BgFerida) January 11, 2021
Од утрово нема вода за пиење бидејќи, како што се наведува, фабриката не може да ја преработи поради заматеноста на реката Власина и целиот нејзин слив.Дотогаш, како што се додава, граѓаните ќе се снабдуваат со вода од цистерни.
Електростопанството на Србија (ЕПС) објави дека сите планински села се без струја, а дел од Власотинце, покрај поранешната фабрика „Беско“, нема и електрична енергија.