Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трипуновски: Цената на златниот прибор на Заеви достигнува и до 50.000 евра, а тутунарите немаат за леб

(Видео) Трипуновски: Цената на златниот прибор на Заеви достигнува и до 50.000 евра, а тутунарите немаат за леб

Додека Заеви јадат од златен прибор, за кој што цената достигнува и до 50.000 евра, тутунарите трпат за леб, бидејќи килограм тутун го продаваат по цена од една кутија цигари, обвини денеска претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

„Два месеци трае голготата на тутунарите. Два месеци Заев ги лаже и ги манипулира дека ќе им го реши проблемот. Два месеци нема решение. 30.000 домаќинства односно 120.000 наши сограѓани, тутунари, се со загрозена егзистенција“, посочи тој.

Според него, решение има, само е потребно веднаш да се реагира.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште на 28.12.2020 година побараа расправа во Собранието за состојбата со тутунот и тоа да биде како прва точка на дневниот ред, но СДСМ со цел да ја избегне точката ја стави како последна на дневниот ред со цел колку може да пролонгира“, рече Трипуновски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и сега останува на располагање на тутунарите и ќе биде со нив.

„Преку нашите пратеници ќе иницираме и јавна расправа во Собранието. И со сите средства кои ни стојат на располагање ќе се бориме за правата на тутунарите“, посочи претставникот на опозициската партија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги