Утрински Весник
Македонија

МНР: Во наредниот период Бучковски ќе има чести патувања на релација Скопје – Софија

МНР: Во наредниот период Бучковски ќе има чести патувања на релација Скопје – Софија

Од Министерството за надворешни работи (МНР) информираат дека министерот Бујар Османи со неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева неделава договорил претстојните денови двете страни да разменат предлози во однос на Акцискиот план.

Од ресорното министерство нагласуваат дека во оваа насока очекувано е специјалниот претставник Владо Бучковски во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија.

„Улогата на Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопјанка со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на неказнивоста, законот важи за сите а институциите постапуваат за разлика од времето на СДС и ДУИ

Држава во која чесноста не се исплати