Утрински Весник
Македонија

Каракачанов: Доставивме анекс со 12 точки, Северна Македонија треба да го потпише за да добие датум за преговори

Каракачанов: Доставивме анекс со 12 точки, Северна Македонија треба да го потпише за да добие датум за преговори

Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме, изјави бугарскиот вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов во телевизиско интервју.

Според него, Република Северна Македонија имала шанса да одреди датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.

Каракачанов додаде и дека Бугарија не ставила вето, туку едноставно посочила дека нашата земја не е подготвена за датум за преговори.

„Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации. Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме“, изјави бугарскиот министерот.

Според него, Бугарија е за проширување на ЕУ на Западен Балкан, но процесот го поречува говорот на омораза кон сè што е бугарско.

Тој додава дека ваквата омраза се заснова на, како што вели, грубо и грозоморно фалсификување на историјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претрес во Берово, пронајдени оружје, муниција и пиротехнички средства

Скопјанка со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на неказнивоста, законот важи за сите а институциите постапуваат за разлика од времето на СДС и ДУИ