Утрински Весник
Свет
Img 7972

Британската кралица им стави крај на шпекулациите – Елизабета Втора и принцот Филип примија вакцина

Британската кралица им стави крај на шпекулациите – Елизабета Втора и принцот Филип примија вакцина
Img 7972

Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примиле вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Бакингемската палата.

Кралскиот дворец, која ретко открива детали за здравствената состојба на кралската двојка, соопшти дека кралицата одлучила оти оваа информација треба да биде објавена со цел да се спречат можни шпекулации и неточни информации, пренесува Би-би-си.

Извор близок до кралското семејство за агенцијата АП потврдил дека вакцината им била дадена на кралицата и принцот Филип од семејниот лекар во замокот Виндзор.

Во Британија досега 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцините против коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години