Утрински Весник
Свет

Доколку е потребно, Италијанците ќе се вакцинираат и ноќе

Доколку е потребно, Италијанците ќе се вакцинираат и ноќе

Досега 19.400 лица се вакцинирани против ковид во Италија. Владата планира да го зголеми бројот на вакцинирани и, доколку е потребно, да се вакцинираат ноќе.

За таа цел, се планира да се вклучат илјадници сега невработени лекари во кампањата за вакцинација.

Претседателот на Федерацијата на италијански онколози, кардиолози и хематолози, Џордано Берета, бара онколошките пациенти да бидат ставени во групата на оние кои имаат предност во вакцинирањето, а пред сè пациентите на кои имунолошкиот систем им е намален поради терапијата.

Според него, нема значителни разлики помеѓу антиковид вакцините што сега се достапни, разликите се само од логистичка и оперативна природа.

Италијанските лекари ја поздравија одлуката на „Фејсбук“ да ги затвори сите страници што се против вакцинацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ги брише талибанците од листата на терористи

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико