Утрински Весник
Магазин

Почина Мерион Ремзи, ѕвездата од „Полициска академија“

Марион Ремзи, актерка и пејачка која се појави во хит мјузиклот на Бродвеј „Јуби!“, но е позната по тоа што ја глумеше полицајката Ловерн Хукс во култниот филмски серијал „Полициска академија“, почина на 73-годишна возраст, соопшти нејзиниот менаџерски тим при „Роџер Пол инк.“.

Нејзиниот менаџмент за британскиот јавен сервис „Би-би-си“ изјави дека починала во нејзиниот дом во Лос Анџелес во четвртокот наутро. Агенцијата соопшти дека Рамзи неодамна се разболела, но не наведе причина за смртта.

Ремзи беше обожавана од фановите за нејзиното портретирање на полицајката Ловерн Хукс со сладок писклив глас во мега-популарната комедија. Таа имаше и славна кариера на Бродвеј, глумејќи во Бродвејското хит шоу „Јуби“ од 1978 година, биографски мјузикл за славната џез-пијанистка Јуби Блејк.

„Нејзината страст за изведба и споделување на своето срце со светот беше огромна “, велат од „Роџер Пол инк.“ во изјавата.

„Мерион со себе носеше ведрина и проникнувачка светлина што веднаш ја исполнуваа просторијата во која ќе влезеше. Пригушувањето на нејзината светлина веќе го чувствуваат оние што добро ја познаваа. Ќе ни недостасува и секогаш ќе ја сакаме.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хороскопски знаци со силна потреба за контрола

Богојавление (Водици) – ден за чистење и благослов

Дали кафето го покачува крвниот притисок?