Утрински Весник
Свет

Почина полицаец по немирите во Капитол Хил

Почина полицаец по немирите во Капитол Хил

Полицаецот Брајан Сикник почина од повредите здобиени во немирите во средата предизвикани од приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп на Капитол Хил.

Тој е петта жртва на немирите, бидејќи претходно беше објавено дека четири лица беа убиени откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот со цел да спречат парламентот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.

„Полицаецот Сикник одговори на немирите во средата, на 6 јануари 2021 година, во американскиот Капитол и беше повреден додека беше во физички судир со демонстрантите“; се вели во соопштението на полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?