Утрински Весник
Свет

Живот во страв во Петриња: „Секој момент може нешто да падне“

Живот во страв во Петриња: „Секој момент може нешто да падне“

Скоро секој земјотрес во Петриња ја загрозува веќе нарушената статика на зградите, затоа на граѓаните не им се препорачува да одат во центарот на градот.

„Овде постои голема опасност и зградите се понестабилни секој ден. Поради она што го гледаме, би им препорачал на сите да не одат во центарот на градот, бидејќи нешто навистина може да падне во секој момент”, предупреди началникот на пожарникарската служба, Славко Туцаковиќ.

Пожарникарите исчистија сè пред неколку дена, но како последица на новите земјотреси вчера повторно има малтер, плочки и цигли на земјата. Вчерашниот земјотрес предизвика и дополнителни штети на загрозените куќи и ги исплаши граѓаните.

„Постојани сме на терен за расчистување и отстранување на опасностите за граѓаните од покривите, отстранување оџаци, работа со сопствениците на домовите, но и на разни компании кои се тука да помогнат. Ние мора да дејствуваме на организиран и безбеден начин“, рече Туцаковиќ за ТВ Нова.

Тој рече дека се согласил со градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ за евакуација на населението од центарот на Петриња.Туцаковиќ исто така нагласи дека луѓето кои доаѓаат во уништените делови на градот, само за да фотографираат, треба да знаат дека тоа е многу опасно.

Во последните 24 часа пожарникарите во областа имале 1.006 интервенции со 504 пожарникари во 204 противпожарни возила. Последниот силен земјотрес ја погоди Петриња вчера околу 18:30 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нема Нобел, тогаш заборавете на мирот: Трамп со скандалозно писмо до норвешкиот премиер

Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан