Утрински Весник
Магазин

Др Дре заздравува и вели дека се чувствува добро

Др Дре заздравува и вели дека се чувствува добро

Рап легендата и музички продуцент, Доктор Дре, соопшти дека се чувствува одлично благодарение на неговиот медицински тим, откако претходно неделава медиумите објавија дека претрпел мозочна аневризма и бил на интензивна нега.

Според „ТМЗ“, Дре претрпел аневризма во понеделникот и со возило на брза помош бил пренесен во медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес.

„Благодарност до моето семејство, пријатели и фанови за нивниот интерес и желби за брзо заздравување. Одлично се чувствувам и добивам одлична нега од мојот медицински тим “, напиша Дре на Инстаграм.

“Наскоро излегувам од болница и се враќам дома. Благодарност до сите големи медицински професионалци во Седарс,“ додаде тој во објавата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото