Утрински Весник
Свет

Буш за упадот во Kонгресот: Вака се оспоруваат избори во „банана држави“

Буш за упадот во Kонгресот: Вака се оспоруваат избори во „банана држави“
Dik 300x250 mk

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш издаде соопштение во кое го осудува упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата во Капитол во средата, нарекувајќи го мачен чин што го крши срцето, пренесоа американските медиуми.

„Така се оспоруваат изборните резултати во ‘банана држави’, а не во нашата демократска република“, посочил тој.

„Јас сум згрозен од несовесното однесување на некои политички лидери уште од изборите, како и од недостатокот на почит кон нашите институции, нашите традиции и нашето спроведување на законот, што можеше да се види денес“, вели Буш во изјавата во која не се споменува името на Трамп, но јасно се подразбира дека се однесува на него и други републикански официјални лица, пренесува Си-ен-ен.

Според поранешниот американски претседател, нападот врз Капитол бил инициран од луѓе чии страсти биле разгорени од невистини и лажни надежи.

„Бунтот може да и нанесе голема штета на нашата нација и углед“, вели Џорџ В. Буш.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки