Утрински Весник
Свет

(Видео) Верниците во Србија и Црна Гора пред храмовите и на улиците го одбележаа Бадник

(Видео) Верниците во Србија и Црна Гора пред храмовите и на улиците го одбележаа Бадник

Српската православна црква (СПЦ) и тамошните православни верници денеска го прославуваат Бадник, подготвувајќи се за најрадосниот христијански празник, Раѓањето на Исус Христос – Божик.

Во српските православни храмови вечерва се служат литургии, а надвор верниците палат бадникови гранчиња.

На некои места во Црна Гора, граѓаните спонтано се собираат во колони веејќи знамиња, а поединци го одбележаа Бадник со запалени факли.

Црногорско-приморската митрополија објави дека, во согласност со пропишаните мерки, нема да организираат вообичаена програма и собири за Божик во ниту еден град во Црна Гора.

Сепак, од снимките на социјалните мрежи, може да се види дека верниците во Црна Гора самоиницијативно излегуваат на улиците, објави српски „Курир“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канадскиот премиер во вторник ќе се сретне со Трамп

Инцидент во Германија: Со автомобил влета во толпа луѓе во Штутгарт – има повредени

Први снимки од Аргентина по два силни земјотреси