Утрински Весник
Македонија

Каракачанов: Ако Македонија продолжи да се однесува како ментор на Бугарија, уште долго ќе чека за ЕУ

Каракачанов: Ако Македонија продолжи да се однесува како ментор на Бугарија, уште долго ќе чека за ЕУ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за БТВ рече дека Македонија можно е уште долго да чека за влез во Европската Унија.

„Доколку Македонија продолжи да се однесува како ментор на Бугарија и како земја која ги определува условите, уште долго време ќе чека за влез во Европската Унија“, изјави Каракачанов.

Според него, Бугарија има право да бара од земјите кандидати за членство во Унијата да ги почитуваат условите, а во таа насока Каракачанов укажа на бугарската национална безбедност.

Рече дека Скопје води инает и има претензии за бугарската историја.

„Не може да не им се извиниш на оние луѓе што си ги убивал и тормозел десетици години, само затоа што биле Бугари и да кажеш: ‘ама ние имаме идентитет со векови’“, вели Каракачанов.

Тој додаде дека македонскиот идентитет во 1944 година бил создаден со насилства, убиства и репресии кон Бугарите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово