Утрински Весник
Свет

(Видео) Лоши услови за живот во привремените живеалишта по земјотресот во Хрватска

(Видео) Лоши услови за живот во привремените живеалишта по земјотресот во Хрватска

Жртвите од силниот земјотрес во Петриња кои ги загубија домовите се сместени во многу лоши услови сведочи видео објавено на апликацијата Тикток. На видеото се гледа дека луѓето кои се сместени во село во близина на Петриња живеат во шатори, спијат во многу лоши услови, немаат доволно греење.

„Еве да видите како живеат луѓето, а државата тврди дека им обезбедила се. Имаат една греалка, ова мора да се смени“ – вели еден човек на видеото.

@bitangeiprincezeeEvo da vidite kako ljudi zive u selu pokraj petrinje, kaj su izgubili kucu u potresu.

♬ original sound – Dnevna doza bitanga i brinceza

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер во Петриња и Сисак и нивната околина беа уништени околу 9000 објекти, проценките се дека е направена штета од околу четири милиони евра. Животот го загубија седум лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вооружени банди убија најмалку 50 луѓе во Нигерија

Иран нема да преговара, ако САД инсистира Техеран да не збогатува ураниум

Кремљ го објави денешниот термин на телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп