Утрински Весник
Свет

Хрватска: Починаа 44 лица, 1896 се новозаразени со Ковид-19

Хрватска: Починаа 44 лица, 1896 се новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.896 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 44 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Има 2.264 пациенти на болничко лекување, а 209 од нив се на апарати за дишење. Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 6.985. 44 лица починаа, така што вкупниот број на смртни случаи од коронавирус е 4223 лица. Во моментов има 18.258 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 1.051.597 лица, од кои 9.919 во последните 24 часа. Од почетокот на епидемијата во Хрватска, вкупно 216.286 лица се заразени со новиот коронавирус. Вкупно оздравеле 205.078 луѓе, од кои 775 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе