Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Да чекориме кон подобро утре, оставајќи ја мрачната сегашност

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, по повод Божиќ.
 
„Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници да им го честитам големиот христијански празник, Рожденство Христово- Божиќ.
Посакувам овој светол празник секој граѓанин на нашата татковина да го дочека во здравје, мир и благосостојба. Нека светоста на денот ги огрее домовите на верниците во овие мрачни времиња кога сме исправени пред предизвиците поврзани со здравствената и економската криза во која се наоѓаме. Мирот во душите и безграничната љубов кон своите ближни, соседи, пријатели и сонародници нека биде ѕвездата водилка која ќе ни помогне да излеземе посилни и посплотени, затоа што само така ќе можеме да чекориме по патот на заедничкиот успех“, се вели во честитката.
 
Според Мицкоски, надежта кон подобро утре е симболот на Божиќ и никако не смееме да заборавиме на трајните христијански вредности кои го водат човека, но и целата цивилизација кон подобар живот.

„Почитта, волјата и хуманоста нека бидат наш сопатник низ овие трнливи патеки кои ги чекориме.  Така  ќе ја изградиме иднината која ја сакаме за нас и за нашите поколенија, иднина во која зад себе ќе ја оставиме сиромаштијата, несигурноста и поразите со кои денес живееме.Со вербата во Бога и вербата во мудроста и истрајноста на народот да чекориме кон подобро утре, оставајќи ја мрачната сегашност“, се додава во честитката.
 

 
 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег