Утрински Весник
Македонија

Православните верници ширум светот го одбележуваат Бадник

Православните верници ширум светот го одбележуваат Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Поради пандемијата, ќе изостане вообичаеното масовна прослава на празникот пред верските храмови, а нема да има собири ниту пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Со бадниковото гранче и посната вечера, верниците внесуваат среќа, здравје и напредок во куќата во пресрет на најсреќниот христијански празник – Божиќ.

Пограварот на МОПЦ-ОС, г.г. Стефан во Божиќното послание порача дека пандемијатадокажа колку е човекот немоќен, но најстрашната пандемија, вели, е тоа што луѓето заборавија да го љубат Бога и да ги љубат луѓето.

„Состојбата која целиот свет ја преживува со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да го љубат Бога и да ги љубат луѓето. Годината пред нас нека биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, нека биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест“, вели архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кос: Охрабрени сме во Брисел од реформскиот скок на земјата, потврда дека Владата може да испорача

Моника Зајкова избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје