Утрински Весник
Магазин

Еминем не се сеќава дека ја навредил Ријана со песната „Зевс“

Еминем не се сеќава дека ја навредил Ријана со песната „Зевс“

Раперот ѝ се извини на својата соработничка од Love The Way You Lie, Ријана, за песната „Зевс“, која се наоѓа во делукс или луксузната верзија на неговиот нов албум Music to be Murdered By, еден месец откако контроверзниот фрагмент се појави на интернет.

Еминем (48) со нова песна ѝ се извини на Ријана поради тоа што застанал на страната на нејзиното поранешно момче Крис Браун, кој физички ја нападна пејачката во 2009 година. Раперот се повикува на десет години старата песна чиј текст се појави во 2019-та година, а во која има стих “секако дека сум на страната на Крис Браун”.

Откако текстот протече на интернет, портпаролот на Еминем изјави дека станува за песна стара десет години, која Еминем ја снимил, а потоа ја отфрлил па ја преправал.

Еминем и Ријана во минатото соработувале неколку пати.

Тој неодамна беше гостин во „Сириус Икс-ем шејд 45“, каде говореше за песната и призна дека има „нула сеќавање“ за снимањето на стихот. Раперот рече дека протечената песна – која наводно била снимена за време на сесиите за неговиот албум Relapse од 2009 година – била стара повеќе од една деценија.

Минатиот месец, Еминем ги изненади своите фанови со ран Божиќен подарок -луксузното издание на Music To Be Murdered By со 16 нови песни.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста