Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Симболична Бадникова поворка во Скопје

Симболична Бадникова поворка во Скопје
300x250 opst2

Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки во Скопје, од Црквата Св.Димитриј до Соборниот храм.

Овој пат, без физичко присуство на луѓе, песната „Вечниот Бог” ќе ечи од звучниците на возилото, во исто време, кога и на покана на „Бадникови поворки”, голем број деца и нивните семејства, во домашни услови, ќе ја пеат коледарската песна и ќе испратат силна заедничка молитва и порака за обединување на народот во вербата и надежта за подобро утре.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Кичево: Време е за обединување а не за поделби, тоа е вистински патриотизам

Мицкоски: Нема големи кривични случаи, бидејќи малкумина лакеи не дозволуваат

Мицкоски: Нема големи кривични случаи, бидејќи малкумина лакеи не дозволуваат