Утрински Весник
Свет

Италијанската Партијата на Зелените ќе ја тужи владата за продажба на оружје на Египет

Италијанската Партијата на Зелените ќе ја тужи владата за продажба на оружје на Египет

Партијата на Зелените на Италија вчера ја обелодени својата намера во следните неколку дена да поднесе жалба против одлуката на италијанската влада да му продаде оружје на Египет, пренесува „Ла република“.

Одлуката на партијата доаѓа откако родителите на убиениот италијански истражувач Џулио Реџени, за кого се верува дека е убиен од египетските безбедносни сили во 2016 година, рекоа дека ќе ја тужат италијанската влада за кршење на законот со кој се забранува продажба на оружје во земјите каде има сериозно кршење на човековите права.

Во јуни, родителите на Реџени ја критикуваа владата за давање зелено светло за продажбата на два воени брода на Египет. Продажбата на двете фрегати е дел од многу поголем потенцијален египетско-италијански договор за оружје, што се состои од уште четири фрегати, 24 авиони „еурофајтер тајфун“, 24 авиони за обука М-346 и воен сателит.

„Оваа влада нè предаде. Границата е премината, ние повеќе нема да ѝ дозволиме на владата да не исмева”, изјавија тогаш Паола и Клаудио Регџени за „Ла република“.

Портпарол на египетските вооружени сили на 31 декември објави дека Египет ја примил првата фрегата ФРЕММ Бергамини во поморската база во Александрија.

Пријателските односи на Италија со Египет по 2013 година беа привремено затегнати во 2016 година кога италијанскиот истражувач Џулио Реџени исчезна во Каиро 10 дена пред неговиот труп да биде пронајден со знаци на тортура по телото во контејнер за ѓубре на периферијата на градот.

Реџени ги истражувал независните синдикати во Египет во времето кога бил убиен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години