Ѕвездата на ријалити-шоуто „Љубовен остров“, Зара Холанд, се соочува со кривично гонење за наводно кршење на правилата за Ковид-19 додека била на одмор во Барбадос.
Островската полиција соопшти дека поранешната Мис на Велика Британија се очекува да се појави пред судот во среда, обвинета за „кршење на карантин“. Наредникот на станицата Мајкл Блекман за „Њузбит“ изјави дека Холанд била „пресретната“ на аеродромот, а подоцна се претставила во полициска станица.
Не е јасно дали таа ќе се појави на суд лично или преку видео врска.
Извинување од 25-годишната девојка за она што го опиша како „големо недоразбирање“ објави веб-страницата „Барбадос Тудеј“. Таа за порталот изјави: „Јас сум била гостин на овој прекрасен остров повеќе од 20 години и никогаш не би сторила ништо за да ја загрозам целата нација за која немам ништо друго освен љубов и почит, и која секогаш ме третира како семејство“.