Утрински Весник
Свет

Две третини од вакцините во САД се неискористени, најавени казни за болниците кои не вакцинираат

Две третини од вакцините во САД се неискористени, најавени казни за болниците кои не вакцинираат
Dik 300x250 mk

Повеќе од две третини од вакцините дистрибуирани во САД сè уште не се користени, соопштија медицинските власти.

Гувернерите на државите Њујорк и Флорида објавија дека болниците кои не брзаат во процесот на вакцинирање ќе бидат казнети.

Во Њујорк, болниците се должни да ги аплицираат сите вакцини што ги примаат во рок од една недела, во спротивно ќе мора да плаќаат казни, а следните испораки на вакцини ќе бидат намалени, изјави гувернерот Ендру Куомо, пренесува „Ројтерс“.

„Не сакам вакцини во фрижидери, сакам луѓето да ги примаат“, предупреди гувернерот на Њујорк.

Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, објави дека болниците кои побрзо вршат вакцинација ќе имаат на располагање поголеми количини вакцини.

Од почетокот на пандемијата во Соединетите Држави, потврдени се повеќе од 20 милиони случаи на Ковид-19 и над 350 илјади смртни случаи, со просечна дневна стапка на смртност од над 2.600.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал