Утрински Весник
Свет

Трамп најави демонстрации

Трамп најави демонстрации

На денот кога американскиот Конгрес треба да ја потврди изборната победа на Бајден, претседателот во заминување Доналд Трамп најави демонстрации во Вашингтон.

Според планот на организаторите, протестниот марш треба да започне од вашингтонскиот обелиск, па да се пресели преку Плоштадот на слободата до конгресната зграда на Капитол Хил, пренесува Си-ен-би-си.

„Ќе обезбедиме мирно одржување на протестите и насилството нема да се толерира“, рече новоназначениот началник на полицијата во Вашингтон, Роберт Конти во интервју за „Вашингтон пост“.

Една од причините за страв од избивање насилство за време на собирот на приврзаниците на Трамп е пораката што актуелниот претседател ја испрати преку „Твитер“, повикувајќи ги сите оние што го поддржуваат да дојдат на протестот што го нарече „Стоп за кражбата“ со најава дека демонстрациите ќе бидат диви.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места