Утрински Весник
Свет

Погребани шест трагично починати тинејџери во Посушје

Погребани шест трагично починати тинејџери во Посушје

Рактин кај Посушје, завиткан во тага, денес се прости од шест тинејџери кои трагично починаа на новогодишната ноќ поради гушење од гас со двајца нивни врсници, кои беа погребани вчера.

Колони тажни луѓе се насобраа за да се збогуваат со Жана, Марија и Стипе Павковиќ, Иван Милишевиќ, Мија Солдо и Стипе Ромиќ.

Епископот мостарски, Петар Палиќ, изрекувајќи молитва над шесте бели ковчези, рече: „ Денеска сите ја чувствуваме нашата беспомошност, се обидуваме да најдеме зборови што можат да изразат болка. И ние молчиме. Се обидуваме да им понудиме утеха на нашите родители, но ништо не поминува низ нашите усни. Ова страдање е едноставно преголемо и претешко за родителите и семејството. Почетокот на годината веќе нема да биде ист”, рече владиката на мисата во Рактин.

Владиката рече дека цела БиХ и регионот сочувствуваат со семејствата на починатите тинејџери.

Мирела Резо и Стјепан Јукиќ беа погребани вчера во Посушје на локалните гробишта Матича Крик.

Денешниот ден беше прогласен за Ден на жалост во Федерацијата БиХ, а со одлука на Советот на министри низ БиХ, 2 јануари беше Ден на жалост, додека Владата на ЗХК прогласи тридневна жалост за 2, 3 и 4 јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин