Утрински Весник
Македонија

Директорите на училиштата на состанок со Царовска: Првото полугодие заврши успешно во вонредни околности

Директорите на училиштата на состанок со Царовска: Првото полугодие заврши успешно во вонредни околности

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа онлајн состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава во врска со спроведувањето на наставата во првото полугодие од учебната 2020/2021 година.

На состанокот, директорите на училиштата истакнаа дека иако на почетокот на училишната година отпорот кон онлајн наставата беше голем, сепак хибридниот модел ги даде посакуваните резултати во вонредни околности во какви што се работеше изминатите месеци.

„Со над 90 % ученици коишто успешно следеа онлајн настава, со помалку од 1 % активни случаи на Ковид-19 кај наставниците и учениците кои посетуваа настава со физичко присуство и со редовна динамика на емитување на часови на македонски и албански јазик на Националната телевизија слободно можеме да кажеме дека успешно го заокруживме првото полугодие. Наставниот материјал е поминат според предвидените скратени програми, а учениците се оценети“, рекоа директорите на состанокот.

Министерката Царовска потенцираше дека со хибридниот модел на настава: онлајн, со физичко присуство и со емитување на часови на телевизија се постигна континуитет во наставата.

„Огромна благодарност до директорите, наставниците, учениците и родителите коишто со силна посветеност и ангажман направија се успешно да се реализира наставата во услови на пандемија“, рече Царовска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мециновиќ: Матрицата на ДПМНЕ дека мандатот им е гарантиран може да се урне во западна Македонија

Мицкоски се самопрогласи за победник на локалните избори: „Правиме план за денот потоа“ вели тој

ВРЕДИ: Во седиштето на ДУИ треба да се инсталира детектор на лаги