И покрај тоа што има 90 години, Ричард Донер ќе ја земе режисерската палка за петтиот дел на популарниот акционен серијал „Смртоносно оружје“.
Со Мел Гибсон и Дени Гловер во главните улоги, „Смртоносно оружје 5“, ќе ја има оригиналната екипа која повторно се обединува, откако го започнаа серијалот уште во 1987 година.
Иако Донер беше на чело на целата франшиза, неговото последно издание, Lethal Weapon 4, не ја погоди целта. Со заработка на филмот од 285 милиони долари (376 милиони долари пред оданочување) на киноблагајните, а со буџет од 150 милиони долари, не се смета за враќање на инвестиција која Холивуд ја очекува.
Во интервју за „Телеграф“, Донер потврдува дека „Смртоносно оружје 5“ ќе биде последен дел. Со оглед на моменталната клима кога станува збор за расположението кон полицијата, особено во САД, останува да видиме како ќе помине жанрот „другар-полицаец“, коментира весникот.
А во врска со продукцијата на Дени Гловер, кој го играше детективот Роџер Муртаг во филмовите, тој за „Варајети“ изјави дека сценариото одекнува со актуелните настани: Открив дека дејствието има многу силна важност за некои работи што се случуваат денес.
„Би било интересно да се види како го сфаќаме ова во политичката рамка во која се наоѓаме, економската рамка во која се наоѓаме. И особено, оваа рамка контра заедниците погодени од полициско насилство, полициските стандарди и моќта што тие ја наметнуваат,“ вели актерот.
„Смртоносно оружје 5“ ќе биде во продукција на Дан Лин, кој беше извршен продуцент на телевизиската адапатација на популарниот акционен серијал.
„Смртоносно оружје“ излезе во 1987 година и ги следеше авантурите на детективското дуо Мартин Ригс (Гибсон) и Роџер Муртаг (Гловер).