Утрински Весник
Свет

Дел од републиканците во Конгресот ќе се обидат да ја оспорат победата на Бајден

Дел од републиканците во Конгресот ќе се обидат да ја оспорат победата на Бајден
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Републиканскиот сенатор Тед Круз ќе ја предводи групата од 11 републиканци кои ќе ја оспорат победата на Џо Бајден во Конгресот следната недела.

Сенаторот Џош Хоули беше првиот кој објави претходно оваа недела дека ќе се спротивстави на конгресната потврда на резултатите од Изборниот колеџ на 6 јануари. Сите сенатори треба да дадат заклетва во недела кога ќе конституираат нов Конгрес.

Во изјавата објавена во саботата, сенаторите предводени од Круз изјавија дека ќе побараат од Конгресот да формира комисија за испитување на можни „изборни измами“.

Во рок од десет дена, комисијата треба да спроведе ревизија во сите држави каде двајцата претседателски кандидати беа изедначени. Во соопштението не е прецизирано за кои земји станува збор.

„ Ако таа ревизија не биде спроведена, на 6 јануари, ќе ги одбиеме избирачите на спорните држави“, наведуваат потписниците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Интерпол издаде црвена потерница за осомничен за кражба на злато и сребро во Истанбул

Њу Делхи воведе строги мерки поради тешко загадување на воздухот

Хакерски напад врз француското МВР