Утрински Весник
Спорт

Лукас и Асенсио ги качија „кралевите“ на првото место

Лукас и Асенсио ги качија „кралевите“ на првото место

Реал Мадрид, барем привремено, се искачи на првото место во Ла лига, откако со 2:0 ја совладаа незгодната Селта на „Алфредо ди Стефано“, благодарение на партнерството Лукас Васкез-Марко Асенсио.

Васкез го отвори резултатот по асистенција на Асенсио уште во четвртата минута, пред да му врати за асистенцијата во 53. минута за важна победа по незгодното 1:1 реми со Елче за тимот на Зинедин Зидан.

Реал има 36 поени на врвот на табелата, еден повеќе од Атлетико, но „рохибланкос“ сега имаат дури три натпревари помалку. Селта ја прекина низата од пет меча без пораз (од кои четири победи), за да остане на осмото место со 23 поени.

> Лукас и Асенсио ги качија „кралевите“ на првото место <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија