Утрински Весник
Свет

Ѓукановиќ одби да го потпише законот за слобода на вероисповед

Ѓукановиќ одби да го потпише законот за слобода на вероисповед

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ му ги врати на Собранието усвоените закони, меѓу кои и Законот за слобода на вероисповед, на повторно одлучување.

Причина за тоа, како што се наведува, е отвореното прашање за кворум на седницата на која биле усвоени тие закони, како и правното прашање за мандатот на двајца пратеници.

Во образложението се наведува дека согласно член 90 став 3 од Деловникот на Собранието на Црна Гора, пропишано е дека „кворумот се утврдува со примена на системот за електронско гласање, на таков начин што секој пратеник е должен лично да се идентификува (регистрира) со вметнување лична карта на седиштето или врз основа на евиденцијата на генералниот секретар на Собранието”.

„ Затоа, прашањето е дали имало кворум на почетокот на седницата и усвојувањето на нејзината агенда, а со тоа и прашањето за демократскиот легитимитет, како и усогласеноста на донесените закони со Уставот на Црна Гора и применливите законски прописи“, рекол Ѓуканови во изјава за Танјуг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се шири снимка стара 10 години: Што му кажа Хилари Клинтон на Трамп за Путин

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда