Утрински Весник
Македонија

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи пописот

(Видео) Андоновски: Прочистувањето во судството ќе го вршат луѓе на СДСМ и Заев
Dik 300x250 mk

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи пописот и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕВРОСТАТ и другите европски и институции на Обединетите Нации, изјави Стефан Андоновски.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на бојкот на попис, тој вели дека СДСМ се труди да спроведе фалсификат попис.

„СДСМ успеа, односно се труди да донесе фалсификат попис односно да направи пописен инженеринг како што направија и изборен инженеринг. Нејасни се за нас три поенти, односно три состојби. Првата, зошто не се објавува методологијата на попишување која што требаше да биде интегриран дел на Законот за попис за сите да ја видат? Под број два, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст кои што секако треба да се набават и е законска обврска за локалните избори кои ќе се одржат оваа година и третиот дел тоа е дека СДСМ се обидува да направи попис во кој луѓето нема да имаат доверба, граѓаните нема да имаат доверба и институциите нема да имаат доверба. Ние имаме принципиелен и јасен став, нема да го поддржиме, нема да го почитуваме и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕВРОСТАТ и другите европски и институции на Обединетите Нации“, рече Андоновски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Опожарено возило во Аеродром, нема повредени

Македонија во портокалова предупредувачка фаза поради обилните дождови

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Аеродром – три лица вмешани во инцидентот