Утрински Весник
Свет

(Видео) Осуммината тинејџери се задушиле од отровен гас од агрегатор за греење

(Видео) Осуммината тинејџери се задушиле од отровен гас од агрегатор за греење

Осуммината тинејџери во Посушје, Босна и Херцеговина се задушиле од отровен гас од агрегаторот за греење во викенд куќата во која славеле Нова година.

Според новите детали објавени во локалните медиуми, агрегаторот се наоѓал во остава на северната страна на куќата. Во оставата едната врата била затворена, другата подоотворена, а спроти просторијата во која биле тинејџерите имало прозор.

За време на истрагата било утврдено дека прозорот бил полуотворен и, најверојатно, на тој начин, издувните гасови – јаглероден моноксид, стигнале до собата во која биле осумте млади луѓе, пишува „Дневни аваз“.

Осуммината починати ја дочекале Новата година заедно со уште шест пријатели, кои по забавата, во четири часот наутро, си заминале во соседната куќа. Едниот од нив во 10 часот наутро ги пронашол своите пријатели мртви.

Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговинскиот кантон и Обвинителството на ЗХК соопштија дека засега сè укажува на тоа дека смртта настапила поради испуштање токсични гасови од агрегатор, која се наоѓала во помошната просторија на викендичката.

Во трагедијата, животот го загубија Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ, Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ, сите родени 2001 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија

Сауди Арамко: Ќе има катастрофални последици за пазарот на нафта ако продолжи кризата во Хормуз

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?