Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 255 нови случаи на коронавирус, 55 лица починаа

Во Хрватска рекордни 1.867 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 255 нови случаи на коронавирус, 55 лица починаа, а бројот на активни случаи е 6.946.

Меѓу нив, 2437 пациенти се во болница, од кои 219 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 212.262 лица заболеле од новиот коронавирус, од кои 4.016 починаа, а 201.300 оздравеа, од кои 1.480 во последните 24 часа.

Во моментов има 20.585 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.026.480 лица, од кои 1.740 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец

Масовен руски напад со беспилотни летала: Украина собори 269 од 294 авиони