Утрински Весник
Македонија

Делегација на Владата положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

Делегација на Владата положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

Делегација на Владата предводена од министерот за правда, Бојан Маричиќ и министерката за образование и наука, Мила Царовска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на нашата земја Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Денеска се навршуваат 9 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, кој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и нејзиното меѓународно признавање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври