Утрински Весник
Македонија

65 санкционирани возачи во Скопје

65 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.12.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 4 санкции, 8 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за нерегистрирани возила. Изречени се 2 санкции за возење под дејство на алкохол, 20 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Првиот министер за правда Туше Гошев: Со мудра политика дојдовме до независност без човечки жртви

Книга стара 460 години се чува во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Не се гласаше само во Македонија: Како дијаспората учествуваше во историскиот референдум во 1991 година