Утрински Весник
Свет

Џонсон: Оптимист сум, но не‘ чека тешка борба

Британските компании имаат помалку од една недела да се прилагодат на новите правила на брегзит

Во својата новогодишна порака, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е оптимист, но дека Британците сè уште се соочуваат со тешка борба против коронавирусот.

Четирите нации се уште се далеку од нормата за одење во пабови, концерти, ресторани или театри, но „светилникот на надежта го осветлува“ вакцината, рече премиерот, обраќајќи им се на Англичаните, Шкотите, Велшаните и жителите на Северна Ирска.

„Знаеме дека пред нас е тешка борба, која ќе трае со недели и месеци, поради новиот вид на болест што бара нова претпазливост“, истакна Џонсон.

Британскиот премиер ја искористи новогодишната порака за да им се заблагодари на луѓето на фронтот во борбата против пандемијата – здравствени работници, лекари, трговци, возачи, пренесуваат светските медиуми.

Осврнувајќи се на Брегзит, тој рече дека „ова е неверојатен момент – ние ја имаме нашата слобода во наши раце и мора да го извлечеме најдоброто од тоа“.

Сега сме слободни, нагласи британскиот премиер, да склучуваме трговски договори низ целиот свет и слободно да ја исполниме амбицијата да бидеме суперсила во науката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран