Утрински Весник
Македонија

Првиот Македонски државјанин што ја прими Кинеската вакцина Sinopharm во Абу Даби, ОАЕ

Skyscrapers And Coastline In Abu Dhabi

Кога Обединетите Арабски Емирати понудија бесплатно вакцинирање на пробната вакцина Sinopharm јас бев еден од доброволците кој се пријави своеволно.

Јас сум Алберт Ќеримов имам 30 години и работам како ресторант менаџер во 5* хотел во Абу Даби УАЕ веќе 2 години, – генерално 7 години сум во Арабските земји (Катар и УАЕ) .

Абу Даби поргласи лансирање на светската фаза 3 пробна сеуште неактивна вакцина против COVID-19 во Јули 2020.

Вакцината –  Sinopharm е создадена произведена од Кина со 86% ефикасност ( тоа се информации од производителите).

Во врска со моето искуство би сакал да кажам дека целокупниот процес на вакцинирање траеше околку 45 минути.

Своеволно се пријавив како волонтер преку телефонски повик во медицинскиот центар во Абу Даби.

За кратко време преку порака од страна на медицинскиот центар беше потврдено дека можам да ја примам првата вакцина на ден 18.10.2020 во 13 часот.

При пристигнувањето во медицинскиот центар требаше на шалтерот да им ја покажам моја УАЕ Лична карта и да ги внесат моите лични информации во нивниот систем.

Одкако бев Е-регистриран ми дадоја белегзија за на рака со моите информации на неа и еден од колегите ми покажа каде можам да почекам додека медицинската сестра од клиниката ќе дојди за да ме повика.

Почекав 2/3 минути и медицинската сестра дојде и ме внесе во клиниката – ми измерија крвен притисок, пулс, температура, висина тежина и ми поставија неколку прашања за мојот здравствен статус алергии и сл.

После тоа медицинската сестра ме повика во канцеларијата на докторот и ми објаснаа се во врска поврзано за вакцината – Дека се состои од две дози на вакцина првата вакцина дека веднаш ке примам и втората после 3 седмици, дека на 10 дена медицинскиот тим ке ми се јавуваат да ме прашаат доколку имам некакви непосакувани реакции кои би можеле да бидат вртоглавица, главоболка, дијареа и сл. И се разбира ми дадоја образец на кој требаше да се потпишам дека целиот процес на вакцинирање го разбирам.

Одкако се потпишав ме повикаа во следната канцеларија каде што зедоја примерок од крв.

После тоа бев тестиран повторно за Covid-19 и на крај во последната просторија бев внесен за вакцинирање. Од како ме вакцинираа ме внесоа во просторија за обзервација каде што дојде друга медицинска сестра за да провери повторно крвен притисок, пулс температура и сл.

И потоа ми рекоја дека можам да си одам дома.

После 10 дена беше проследено со телефонски повик од медицинскиот тим.

И потоа на 12.11.2020 ја примив и втората вакцина истиот процес.

Би сакал на медицинскиот тим да им се заблагодарам за следење на мојот здравствен статус цело време и за нивната грижа.

Фала богу немам никакви непосакувани ефекти од вакцината и се е во најдобар ред осеќам дека после долго време гледаме светло на крајот на тунелот познат како панадемија.

-Алберт Ќеримов

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот