Утрински Весник
Македонија

Охридската полиција најави засилени контроли за новогодишната ноќ

Засилени полициски контроли за време на продолжениот викенд во Охрид

Охридската полиција најави засилени контроли за новогодишната ноќ. Од таму потсетуваат дека  Министерството за внатрешни работи стави во функција бесплатен телефонски број 0800-00-201 и меил адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и недозволено собирање со цел организирана прослава во текот на новогодишната ноќ и претстојните празници.

Со цел целосно спроведување на безбедносните протоколи за заштита на граѓаните од вирусот Ковид-19, СВР Охрид, деновиве реализира 260 контроли по хотелско-угостителски објекти, приватни станоиздавачи, вили и апартмани во Охрид и приградските населби.

„Притоа, полициските службеници укажаа на потребата од строго спроведување на предвидените мерка за заштита од Ковид 19 и ги запознаа со казнените одредби за непридржување кон мерките“, соопшти СВР-Охрид.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски