Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини против Ковид-19 преку „Ковакс“ системот и го овласти министерот за здравство да ја потпише во нејзино име.
Текстот за финансиската гаранција во износ од 7.457.140 американски долари е усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), како нејзин корисник, и Комерцијална банка.
Како што информира владината прес-служба, со заклучок по информацијата, на сединцата е разгледан и прифатен и текстот на Договорот за издавање на девизна платива гаранција со својство на извршна исправа, што треба да биде склучен помеѓу Владата и Комерцијална банка заради обезбедување на финансиската гаранција, а министерот Филипче од име на Владата е овластен да го потпише и овој Договор.