Утрински Весник
Македонија

Запленети над 5.000 пиротехнички средства на Бит пазар, приведено едно лице

Запленети над 5.000 пиротехнички средства на Бит пазар, приведено едно лице

Полицијата заплени над 5.000 пиротехнички средства на Бит пазар, соопшти МВР.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје денеска на подрачје на Бит пазар на ул. 192 запленија 5.382 парчиња пиротехнички средства.

Во врска со случајот е приведен О.Д.(25). По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Национална кампања за превенција од семејно насилство врз децата и адолесцентите

Американците ги избраа осумте најдобри места на Балканот: Две се во Македонија