Утрински Весник
Економија

Бочварски: Надминати затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп, продолжуваме да го градиме

Бочварски: Надминати затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп, продолжуваме да го градиме

Затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп се надминуваат. Онаму каде што имаше проблеми со изведувачите ги решивме и веќе со почетокот на градежната сезона започнуваме со силно темпо на изградба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп.

„Сакам да информирам дека за првата делница Градско –Дреново, Владата донесе одлука да се преземат градежните работи од сегашниот изведувач и во седниот период оваа делница да ја гради друга компанија која има технички и човечки ресури да за ја доизгради оваа делница навреме. Во однос на втората делница од Дреново до Фариш, тендерската постапка е завршена и сега понудите се во фаза на евалуација. Очекувам на пролет да имаме силна градежна активност паралелно и на двете делници. За третата делница, планирано е да се реконструира целиот пат на Плетвар, а онаму каде што има две ленти ќе се прошири на ниво на експресен пат со три ленти“, изјави Бочварски.

Тој потенцираше дека во фаза на изработка е проектна задача за изградба на автопат од Прилеп до Битола со што ќе се заокружи брзата патна врска кон Пелагонија.

При денешната посета на општина Прилеп, министерот Бочварски заедно со градоначалникот Илија Јованоски, присуствуваа на пуштање во употреба на мост во населеното место сточен пазар во Прилеп.

„После 50 години се изгради нов армирано-бетонски мост, кој ќе ги поврзува двете индустриски зони и преку кој ќе одвива 80 отсто од товарниот сообраќај во градот. Мостот е со должина од 24 метри, има четири коловозни ленти, од кои две во едниот и две во другиот правец, а од двете страни на коловозните ленти има по една велосипедска и пешачка патека. Вкупната вредност на овој капитален проект е 35 милиони денари, инвестиција на општина Прилеп”, истакна градоначалникот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра