Утрински Весник
Свет

Во Сисак и Петриња пристигнуваат 278 пожарникари и 76 возила

Во Сисак и Петриња пристигнуваат 278 пожарникари и 76 возила

Испратени се дополнителни противпожарни сили во областа што е најпогодена од земјотресот во Хрватска, изјави главниот командант за противпожарна заштита Славко Туцаковиќ. Покрај голем број пожарникари, испратени се и поморски противпожарни возила, технички возила, спасувачки возила од висина, специјална опрема за спасување од урнатините и противпожарни екипи со кучиња трагачи.

Противпожарните единици од окрузите Приморје-Горски Котар, Истра, Шибеник-Книн, Задар, Копривница-Крижевци, Осиек-Барања, Крапина-Загорје, Сплит-Далмација и Дубровник-Неретва беа испратени во Петриња со вкупно 137 пожарникари и 44 возила.

Противпожарни екипи од Загреб, Лика-Сењ, Вараждин, Бјеловар-Билогора, Брод-Посавина и Вуковар-Срием се испратени во Сисак со вкупно 141 пожарникар и 32 возила.

Со споменатата помош, сите расположиви противпожарни сили на округот Сисак-Мославина се ангажирани во оваа област.

Хрватската служба за воздушна навигација објави дека контролната кула во Загреб претрпела штети од земјотресот, поради што на некое време бил прекинат воздушниот сообраќај над Загреб.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа

Израел го приведе екипажот на хуманитарен брод, меѓу нив и пратенички од Франција

Наследниците на Пиноче мора да вратат на државата ограбени 16 милиони долари