Утрински Весник
Свет

(Видео) Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Хрватска, драматични сцени во Петриња

(Видео) Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Хрватска, драматични сцени во Петриња
Dik 300x250 mk

Силен земјотрес денеска одново ја потресе Хрватска, а според информациите од медиумите тој бил почувствуван во целиот регион.

Според ЕМСЦ, потресот бил со јачина од 6,3 степени, а епицентарот бил на 46 километри југоисточно од Загреб, некаде околу Петриња, место кое и вчера беше погодено од низа земјотреси.

 

„Успеавме да извадиме едно дете, тоа беше во автомобил, сè се сруши, сопственикот е внатре, но тој не одговара“, изјавил млад човек за телевизијата Н1, во првичен извештај за потресот.

„Тешко е, слушнав дека се урнала и градинката, немаше деца во градинката, не знаеме дали имаме мртви…“, вели друг.

Според податоците од терен, после првичниот земјотрес, се почувствувал уште еден помал.

Земјотресот бил почувствуван и во регионот на Хрватска, а пријавен е во Бања Лука, Загреб, Вуковар и Сплит.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство