Утрински Весник
Свет

Поранешен руски монах приведен откако презел контрола над манастир во Урал

Поранешен руски монах приведен откако презел контрола над манастир во Урал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот руски монах отец Сергeј, кој го негираше постоењето на коронавирусот и ја презеде контролата врз женскиот манастир на Урал, е приведен, изјави за ТАСС извор во полицијата.

„Полицијата и властите спроведуваат истрага во манастирот Среднеуралск. Романов -отец Сергеј- е приведен на сослушување”, рече изворот.

Отец Сергеј ќе биде испратен во Москва.

Поранешниот монах беше приведен откако објави видео на Јутјуб во кое ги охрабрува своите следбеници „да умрат за Русија“.

Отец Сергеј беше двапати казнет за поттикнување омраза и непријателство и за ширење лажни општествено важни информации во своите проповеди. Тој ги повика луѓето да одат во црква и покрај строгите мерки за ограничено движење и ја опиша ситуацијата со коровавирусот како „лажна пандемија“.

Некои извештаи во медиумите тврдат дека во 1986 година, Романов бил осуден на 13 години во колонија за провала и убиство на наставник во училиште. Откако бил ослободен, се замонашил.

Отец Сергеј беше суспендиран од раководството на црквата кон крајот на мај 2020 година откако ја прекрши забраната за проповеди. Му беше наредено да го напушти женскиот манастир, но тој продолжи да одржува црковни служби таму. Водството на црквата ја опиша ситуацијата како преземање.

На 10 септември, црковниот суд го екскомуницира отец Сергеј, а поглаварот на Руската православна црква ја потврди оваа одлука на 19 октомври.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување