Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците/Алтернатива: Дали Владата станува засолниште за оние што се занимаваат со дрога?

Алијанса за Албанците/Алтернатива: Дали Владата станува засолниште за оние што се занимаваат со дрога?

„Иако во време на пандемија, кога речиси целиот фокус е насочен кон борбата против Ковид-19, сепак нелегалните активности, како што се корупцијата, дрогата и криминалот, не престануваат. Случајот со притворањето роднина на заменик-министерот за внатрешни работи, Назиф Буш, јасно покажува дека луѓето блиски до Владата, поточно до ДУИ и СДСМ, сметаат дека се заштитени од Владата дозволувајќи си да се занимаваат со дрога. Како да не е доволно ова, и новиот советник на првиот вицепремиер, Артан Груби, испадна дека е вмешан во темата со наркотици, што уште еднаш зборува дека ДУИ – како дел од Владата – станува засолниште за луѓе штпо се занимаваат со дрога“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците и Алтернативата.

„По овие случаи, се поставува прашањето – кој од ДУИ и од СДСМ е на ред да излезе вмешан во трговијата со наркотични средства, кои продолжуваат, а продолжуваат да се покриваат со наметката на власта? Доколку премиерот Заев, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека се чисти од овие скандали, тие треба да ги осудат ваквите случаи. Во спротивно, тие се соучесници во овие појави. Затоа, Алијансата за Албанците и Алтернативата ценат дека кога имате партиска полиција и политичко судство, нормално е дека она што ќе расте, нема да биде квалитетот на правната држава, туку само количеството дрога шверцувано од луѓето од власта. Во меѓувреме, потрагични од ова се сојузите меѓу СДСМ и ДУИ кога ќе се обидат да се заштитат обвинувајќи се меѓусебно кој од нив е помал, а кој поголем дилер на дрога.

Затоа, ние не можеме да не заклучиме дека ова повеќе не е правна држава, туку е држава на моќници, кои власта ја користат за да ги заштитат наркодилерите. Секако, по ова, следува констатацијата дека причината за легализацијата на марихуаната е објаснувањето за зголемувањето на овие наркотични скандали. Во меѓувреме, сите знаеме дека главниот јунак на таа идеја не беше никој друг, туку самиот премиер Заев“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија