Утрински Весник
Македонија

(Видео) Советот за реформи во правосудството ја потврди методологијата за филтрација на правосудството

(Видео) Советот за реформи во правосудството ја потврди методологијата за филтрација на правосудството

На денешната седница на Советот за реформи во правосудството со која претседаваше министерот за правда Бојан Маричиќ, беше претставен и потврден интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година. Дополнително беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење, а другата за квалитативно оценување на претседателите на судовите.

Овие документи ќе бидат своевиден патоказ за тоа на кој начин следната година ќе се направи проверка на работата на судството.

Дополнително, на Советот беа одобрени идните активности за оценување на работата на јавните обвинители, преку утврдените критериуми содржани во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, донесен од Јавниот обвинител на Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во М-Нав со години стои купен и неискористен софтвер, поради тоа ограничени се летовите низ македонското небо

Акциска контрола во винички угостителски објекти, лишено од слобода едно лице, затекнати малолетници

Одобрено обвинението за Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за скоро 36 милиони евра