Утрински Весник
Македонија

Здруженијата за заштита на животни алармираат за ново масовно труење кучиња во Битола

Здруженијата за заштита на животни алармираат за ново масовно труење кучиња во Битола

Невладините организации алармираат за ново масовно труење на кучиња во Битола. Според нив во изминативе два дена во 14 населби било фрлено големо количество отров и затруени се голем број на кучиња, а едно се бори за живот.

„Членови на Здружението за заштита на животните ‘Мали херои’ од Битола и Фондацијата Бибевски испративме претставка и кривична пријава со спроведен записник до  СВР Битола и Основно јавно обвинителство Битола во кое бараме согласно со Кривичниот законот, да се спроведе казна за фатен сторител на дело“, соопштија од здружението.

Според нив, труењето на бездомните животни, и опасноста од расфрлање на отрови и отровни материи на јавни површини се сериозни проблеми со кои граѓаните многу често се сретнуваат и неопходно е да им се стави крај.

„Апелираме на граѓанска одговорност, совесност и свесност во вакви случаи веднаш да се повика полиција и се пријави делото. Очекуваме темелна истрага од полицијата, зошто фрлањето отрови е опасно за сите, и прашање е на време кога нечиј живот ке биде загрозен. Потсетуваме дека отровот има подеднаква раздорна моќ да за 5 минути убие и некое дете. Апелираме дека оној кој на ваков начин убива животни, не е стабилна личност и е опасност за секого.
Потсетуваме и дека овие дејствија се забранети со закон и претставуваат Кривични дела, по членовите 218- загадување на животната средина, 232-внесување опасни материи во земја,233-мачење на животни, 234-тешки дела против животната средина и можеби најважно 288-предизвикување општа опасност од Кривичниот закон, за кои може да се добие казна затвор од 6 месеци до 10 години“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева